Кучињата се животни кои имаат емоции, но кај нив се разликуваат едноставни и сложени емоции. Тие не чувствуваат сложени емоции како вина, глумење.
Нивните чувства се црно-бели, како и светот околу нив.
Среќа – среќното куче мавта со опашката, скока, енергично е и малку му е отворена устата. Кога се среќни тоа не го кријат
Тага – за жал и таа е составен дел од нивните животи. Важно е брзо да реагирате ако забележите така кај вашето милениче бидејќи со игнорирање често доаѓа до депресија. Постојано спиење, губење на интерес за секојдневни активности или повлекување во делови од станот се некои од знаците дека вашето куче е тажно.
Страв – најчесто тие покажуваат неверојатна храбост, но она што кучињата најмногу се плашат се грмотевици, петарди и огномет.
Љубомора – треба да сфатите дека кучињата покажуваат љубомора кога се чувствуваат запоставено и не го добиваат посакуваното внимание.