Го следевме Марко Новевски за да дознаеме кој според него е ЛИДЕР во својата понуда и патот нѐ однесе токму во Скопје Сити Мол

Се сеќавате на оној интересен и симпатичен лик од малите екрани кој секогаш заедно со своите натпреварувачи брзаше некаде? Решивме да видиме што прави Марко Новевски денес и следејќи го, го затекнавме во Скопје Сити Мол. Кога го прашавме што се случува и што има ново, ни рече “Дај побрзај, во потрага сум по нов ЛИДЕР“.

Фатен на дело како се прикрадува од еден од новите странични влезови, го следевме во тестот пред кој го исправи Сити Мол. На заминување, откако нашите папарацо фотографи го “уловија“, решивме да го прашаме на каква мисија беше.

Марко ни откри дека во последно време за сѐ нешто му снемува време, посебно со новиве трендови и формати, сѐ некако бил на “трчање“ и пак ништо не завршувал, а на крајот од денот се чувствувал исцрпено. Вака дошол до идеја да направи еден тест дали ќе успее да направи сѐ што сака – да појде на шопинг во најмалку 3 продавници, да ги разгледа новите летни колекции, да се поднови со нешто ново, да разговара преку видео повик во живо на вибер со пријател од странство, да се одмори од шопингот и да јаде, за само 7.200 секунди. Се сетил на Скопје Сити Мол и решил да се увери дека се вистински лидер помеѓу трговските центри.

Резултатите од неговиот тест се навистина феноменални и ги споделуваме со вас од збор до збор како што ни ги кажа Марко.

-Тргнав во Сити Мол и само што тргнав гледам оп, нов влез. Брат, појма немаш колку ми олесни, од кај и да доаѓам, за 30 секунди сум во мол, експресно и без кружење.“ – го почна разговорот Марко. “Ми требаа ново патиче, дуксче, па знаев дека сум на право место. Откако свртев еден круг на приземје, за околу 210 секунди, одма направив шема кај сѐ одам – директива во новата продавница – “n fashion” на прв кат да најдам патики, од оние квалитетните за на точак и за брзање. Па после, летнав во потрага по добар дуксер. И знаеш што – во Сити Мол има нов ескалатор. Замисли брат, се возев ни пет ни шест, туку пола минута… 30 секунди! И не прескокнував скали, туку онака, скопски си чекав да ме извози. Царски!

Ни кажа дека нашол сѐ што сака – од супер квалитетни обувки и облека од омилените брендови – Timberland, Replay и Levi’s, до многу различни работи за целото семејство и за домот, и тоа успеал да направи шопинг за цели 1.680 секунди, или за 28 минути и тоа вклучувајќи и пробување и врзување врвци. Најмногу бил изненаден кога видел колку новитети има во молот и успеале да понудат по нешто за сечиј вкус. Особено се израдувал на една од новоотворените продавници, на брендот Reserved, која топло ја препорачува кога станува збор за квалитет и голем избор. Така среќен и со полни кеси шопинг, се пофали “Ептен брзо се стасува од една до друга точка во молот, освен ако не се случи да решиш да одмориш на некоја од позициите за седење. Е тогаш, малце потешко иде…. Ептен се удобни, за мерак, да не му се станува на човек. Тука “потрошив“ цели 360 секунди, ама ич не ми е криво, за тоа време ја прочитав првата глава од книгата што си ја купив тука, од Сити Мол.“

Го прашавме дали имаше гужва и како се снајде, на што ни одговори дека нормално било многу раздвижено, ама со добрата организација на молот не се чувствувала гужвата, а и од Сити Мол, како пионири во вистински успешно менаџирање на молови, мислеле на време и си имаат ознаки за сѐ, да не лута човек и да не губи време. “А и да ви кажам, атмосферата – бонбона! Музиче во позадина, пријатно во молот, да се скрие човек од сонцево – ем да заврши сѐ што му треба, ем да се одмори и да се олади. А и за освежување има, во делот со храна. Плус и секогаш добри понуди, а сега има и сепариња, за на раат муабет да си правиш, па дури и на вибер со “гага“ wi-fi, затоа што и на тоа мислеле. Така замисли, за цели 1.080 секунди и јадев и одморив, зашто не се почувствував како во трговски центар, туку баш напротив, во комотна атмосфера, со зеленило. Се слушнав и со другар ми што е во Малта преку видео повик на вибер и ме прашуваше кај сум, многу зелено му се видело, а тоа од новите зеленила што даваат еден убав шмек. И секако дека си го штедев мојот интернет на телефон, тој на Сити Мол е бесплатен и лета. “

Она што најмногу нѐ заинтригира е локацијата што Марко ја посети финално, помалку зачудени. Верувале или не, му остана време и за игра! За крај ни кажа дека од предвидените 7.200 секунди, му останале вишок, па решил да го “почасти“ детето во себе – потсетувајќи се на детските игри додека со децата се искачуваа на ДНК кулата во новото урбано катче во Скопје и тоа ни повеќе, ни помалку, пред Сити Мол!

За крај, ни кажа дека џабе што се викаме ние Lидер, за него ЛИДЕР е само еден – Скопје Сити Мол! А секундите… не се битни. Се заборава човек во ваква шема.