– На 30.10.2021 во 22.30 часот во СВР Куманово, Д.П.(27) од Куманово пријавил дека во угостителски објект на улица „Драган Стопаревиќ“ во Куманово бил физички нападнат од Д.С.(41) и А.М.(41), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат, дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.