ДЗС, како што информира, веднаш пристапи кон мобилизација на Тимот за брз одговор за спасување од планина.

-Лицето беше пронајдено од другата страна на планината кон преспанскиот дел под Манастирот „Свети Спас” над селото Маловишта. Пружена му е прва помош и со санитетско носило е транспортирано во ургентното одделение при клиничката болница на Битола. Лицето е во стабилна состојба и не е во животно загрижувачка состојба, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.