Како што информираат денеска од Општина Куманово, причината е енергетската криза.
Средствата за новогодишно украсување на градот ќе бидат пренаменети за проект на фотоволтаични панели.
– Оваа година поради енергетската криза, на првата седница на Советот веднаш по конститутивната седница ќе дадам предлог до Советот да донесе одлука финансиските средства кои се наменети за украсување на градот Куманово во износ од околу 2 и пол милиони денари да се пренаменат во реализација на енергетско ефикасен проект за имплементација на проект фотоволтаични панели и изолација на објект од јавен карактер, на територија на општина Куманово, стои во писмениот одговор на градоначалникот Максим Димитриевски.
Со ова, велат надлежните, ќе се намали потрошувачка на електрична енергија и дополнително ќе се даде придонес во контекст на енергетската криза којашто се најавува.
И минатата година Куманово беше без новогодишно украсување поради пандемијата предизвикана од Ковид кризата, па средствата беа пренаменети за набавка на таблети за следење на оналјн настава на учениците.
Наместо тоа беа поставени скромни украси и старата новогодишна елка.