На денешниот состанок на членови од Здружението „Бела вода”, Трајче Димов рече дека единствената патека до изворите е направена масакр.

Соодветно да се реагира, побара и Борче Китановски, нагласувајќи дека станува збор за рекреативно место.

Се апелираше на укажување до повеќе општински и државни структури.

Поддршка на „Бела вода” даде Сашко Тодоров, претседател на здружение на граѓани „Ековита”, кое се залага за екологија и чиста околина.Тој рече дека потребно е од надлежните да се побара мораториум на сеча во туристичката населба во која има повеќе викендички.

-И претходно се има реагирано за неконтролирана сеча во тој дел со прекрасна природа која нуди идеални услови за одмор и рекреација. Сметам дека конечно треба да се стави крај на злосторството врз природните убавини, дециден беше Тодоров.

Александар Гичовски, советник во Советот на општината, рече дека како активист во „Ековита” и планинар, ги поддржува сите активности за заштита на животната средина.

Градоначалникот Горан Стојанов информираше дека знае за проблемот. Тој нагласи дека ќе се направи се што е во рамките на можностите, да се стави крај на неконтролираната сеча на шума.

На денешниот состанок, беше избрано и ново раководство на Здружението.