– Оние кои ни ветуваа професионалност, стручност и независност на институциите денес разрешуваат директори кои се залагаат токму за тие принципи. На нивно место се бараат слепи послушници, полтрони и клиентелисти подготвени да направат се само за да ги задржат фотељите и привилегиите, вели Куновска.

Според неа, ваквите политики ќе бидат катастрофални и за СДСМ и за државата.

– Ова се тие постапки кои го враќаат ВМРО-ДПМНЕ поблизу до власта. Ова не е патот до ЕУ. Патот кој го избира Пауновски е вистинскиот пат до Европската унија, патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата која ја предводи и непокорот пред партиските наредби и закани. Пауновски има богата партиска биографија но никогаш не бил слеп послушник и конформист. Негова водилка е совесната и чесна работа во функција на државата. Неговиот образ е најголемото наследство што ќе го остави еден ден и на своето семејство и на партијата на која припаѓа. Ја има мојата полна поддршка и почит, вели Куновска.

Секој од нас е во шанса да менува!
Случајот со Стојко Пауновски е уште еден пример или потврда на кој начин функционира…

Posted by Sofija Kunovska on Saturday, April 24, 2021