Поранешната висока функционерка на СДСМ Софија Куновска упати остри критики до актуелниот претседател на партијата Венко Филипче, барајќи негово неодложно заминување од раководната позиција. Таа го оспори неговиот внатрепартиски легитимитет по последните јавни настапи.
„Оној сомнително избран претседател на СДСМ, кој има никаков легитимитет, е скоро ист примитивец како оној што го постави и кој ни покажуваше ‘магарешки стапови’ по прес конференции. И на СДСМ, но уште повеќе и на Македонија, и е потребно веднаш да се спакува од Бихаќка и да си замине“, вели Софија Куновска.
Реакцијата на Куновска уследи по бурните јавни настапи на лидерот на СДСМ во кои тој упати пораки и закани кон своите партиски опоненти, што предизвика серија реакции на домашната политичка сцена.
