Косовскиот премиер Албин Курти бара зголемување на бројот на војници и на опрема на воената мисија на НАТО во Косово, КФОР, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во интервју за германски „Ди Велт“ кое денеска го пренесуваат приштинските медиуми, Курти вели дека зголеменото присуство на НАТО во Косово ќе придонесе за зачувување на мирот, не само во земјата, туку и во целиот Западен Балкан.
„Зголемување на бројот на војници во нировните сили на НАТО, КФОР, би претставувало значајна поддршка на нашите заложби од одбранбен аспект,“ изјави Курти.
Во Косово во моментот има околу 3.800 војници на КФОР, од кои 70 се од Германија. Според одлука на германскиот Бундестаг, во случај на потреба од таа земја во Косово можат да се испратат по итна постапка до 400 војници.