Потпишувањето на договорот меѓу НАТО и Србија во Куманово во 1999 година можеби е мотивот на посредниците на ЕУ, дијалогот Косово-Србија и европскиот план да има епилог на следната средба во Скопје. Косовскиот премиер, Албин Курти, при учеството на економскиот форум во Скопје изјави дека шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, свикал состанок на високо ниво во Скопје врз основа на симболиката на Кумановскиот договор, објави Алсат М.

„Да не заборавиме дека на 9 јуни 1999 година во Куманово беше потпишана капитулацијата на Југославија на поранешниот српски лидер, Слободан Милошевиќ и влезот на силите на НАТО. Мислам дека овие симболични елементи на Северна Македонија беа многу важни за европскиот шеф на дипломатијата, Жозеп Борел, да не покани во Северна Македонија на следниот состанок на високо ниво“, рече Курти.

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека е време лидерите на двете земји да донесат тешки одлуки кои ќе ги унапредат Косово, Србија и целиот Западен Балкан.

„Најпрво, ги охрабрувам премиерот на Косово, Албин Курти, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да најдат заедничко решение за нивниот проблем. Ги охрабрувам и двајцата бидејќи тоа е најважното нешто за сите нас во регионот. Ги охрабрувам сите лидери од регионот да ги остават зад себе политиките од минатото и да изградат иднина на доверба, меѓусебно почитување и нашиот заеднички фокус е економскиот национализам и напредок“, рече Абазовиќ.

Курти и Абазовиќ при посетата на Скопје беа примени и од премиерот Димитар Ковачевски. На средбата се разговарало за потребата и важноста од взаемна поддршка на европскиот пат.