Координаторот на пратеничката група на ДУИ во Собранието, Арбер Адеми вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ништо лошо не може да и се случи на држава со уставните измени.

„Јас мислам дека напротив, добиваме како општество, но ете и како Албанец за македонскиот народ велам дека би придобивале од овој процес“, вели Адеми.