Седницата на Собрание за дијалогот со Белград беше одложена на барање на опозицијата, откако премиерот Аљбин Курти и по едночасовна пауза не се врати во Собранието, објави Макфакс.
Шефовите на пратеничките групи на опозицијата по заминувањето на Курти побараа пауза но Курти не дојде ниту по паузата, по што беше побаран прекин на седницата, кој беше прифатен.
Седницата ќе продолжи кога за неа ќе одлучи Претседателството на Собранието, пренесе Б.92.