Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот се случил на 73 километри североисточно од градот Дробета-Турну, во близина на границата со Србија и 14 километри северозападно од градот Таргу Зију.

Министерството за внатрешни работи на Србија на Инстаграм потврди дека во 15:58 часот е регистриран земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала во близина на градот Крајова во Романија.

Земјотресот е почувствуван и на територијата на Србија, информираат од МУП.

Земјотресот го почувствувале и белграѓани.

По него следеше уште еден земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала, кој се случи на длабочина од 15 километри, соопшти ЕМСЦ.

Недолго потоа Романија ја погоди уште еден земјотрес, четврти по ред, со јачина од 2,9 степени,пренесе Б.92.