Курти рече дека веднаш штом ќе ја преземе функцијата ќе ги разгледа документите и ќе утврди каде екс-премиерот Авдулах Хоти го оставал процесот на дијалог.

– Морам да имам увид во тие документи затоа што не знам каде господинот Хоти го оставил процесот на оваа тема. Бидејќи минатиот пат кога влегов во канцеларијата папките беа празни. Треба да се подготвиме добро за дијалог и затоа не сум за да се избрза во овој процес. Подобро е да бидеме поскромни и пореални отколку да кажуваме големи и зборови. Немаме простор за идни неуспеси – рече Курти.