Косовскиот премиер Албин Курти синоќа телефонски разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен за ситуацијата на северот на Косово и нормализацијата на односите со Србија, соопшти Владата на Косово.

Курти и Блинкен разговараа за дијалогот со канцеларијата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел за деескалација и нормализација, како и за средбата во четвртокот минатата недела „која не стана трилатерална поради неподготвеноста на претседателот на Србија. Александар Вучиќ, се вели во соопштението.

„Премиерот Курти и секретарот Блинкен разговараа за ситуацијата во четирите северни општини на Косово, за нови избори на кои мора да им претходи владеење на правото, за насилните екстремисти кои ги нападнаа војниците на КФОР, косовската полиција и новинарите, за тројцата заменици градоначалници на Србите во општините Лепосавиќ, Звечан и Северна Митровица“, соопшти косовската влада.

Курти го информирал американскиот државен секретар за ослободување на тројцата припадници на косовската полиција

Се додава дека и двајцата се согласиле да останат во редовна и честа комуникација „со цел мир и безбедност на Косово и нормализација на односите со Србија“.