Македонската женска кошаркарска репрезентација, на 11 ноември против Германија на гости ги почнуваат квалификациите за Европското првенство 2023 година.
„Црвено-жолтите“ се во А-групата заедно со Германија, Белгија и Босна и Херцеговина.
По Германија, Македонките ќе играат со БиХ на 14 ноември на домашен терен. Следната година гостуваат во Белгија на 24 ноември и ја пречекуваат Германија на 27 ноември. Во 2023 година се реваншите со БиХ на 9 февруари и со Белгија на 12 февруари.