Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, по средбата со привремените институции на премиерот на Приштина, Албин Курти, изјави дека најдобро е преку политички договори да се отстранат барикадите на северот на Република Косово а не со булдожери.
„Јас сум дипломат, за мене политичките договори се најдобриот начин за отстранување на барикадите, а не булдожерите“, рече Лајчак на прес-конференцијата по средбата на која покрај него и Курти, учествуваше специјалниот пратеник на американскиот претседател за Западен Балкан, Габриел Ескобар, јавува „Репортерс“.
Лајчак рече дека по оваа средба ќе се сретне и со претставници на КФОР и ЕУЛЕКС.
„Имав долга дискусија со Курти. Деталите нема да и ги откријам на јавноста, бидејќи сум сред мисија и посетата на регионот ќе ја продолжам утре во Белград. „Вечерва ќе се сретнам со командантите на КФОР и ЕУЛЕКС за да ја видам нивната проценка за ситуацијата на теренот, а потоа ќе се обидеме да најдеме можни решенија за ситуацијата на северот“, рече Лајчак.
Тој посочува дека никому не му помагаат тензиите на Косово.
„Мислам дека ниту еден нормален човек не е задоволен од оваа ситуација на северот“, заклучи Лајчак.