Премиерката на Србија Ана Брнабиќ апелираше во Белград на Кфор и Еулекс да си ја работата својата работа на Косово, бидејќи Србите не се чувствуваат безбедно и дека од Европската Унија и меѓународната заедница очекува јасен став по прашањето на нападите на Србите на Косово.

„Апелирам на Кфор и Еулекс да си ја работат работата. Ако ги прашање Србите на Косово и Метохија и на северот и јужно од Ибар дали се чувствуваат безбедно верувам дека сите до еден ќе кажат не. Тоа значи дека Кфор и Еулекс не ја работат својата работа“, им кажа таа на новинарите.

Бројот на нападите на Србите на Косово, додаде таа, од доаѓањето на власт на Аљбин Курти скокнал за 50 отсто.

„Навистина очекувам пред сè од Европската Унија, но и од меѓународната заедница и нашите партнери во САД тоа јасно да го кажат и кон тоа јасно да се определат“, истакна српската премиерка.

Додаде дека на Косово сè би било полесно доколку би се применувал Бриселскиот договор.

„Јас не можам да разберам што е толкав проблем. Минаа речиси 10 години, потписот на ЕУ е на Бриселскиот договор, таа ја гарантира неговата имплементација, дајте Приштина да го имплементира и да ги продолжиме тогаш преговорите, целата ситуација ќе биде целосно поинаква и многу постабилна, Белград си ја заврши својата работа“, кажа Брнабиќ.

Брнабиќ додаде дека кризата на Косово може да влијае на сите и дека Србија има многу да изгуби, и дека поради тоа се врши голем притисок на државниот врв.