„Господине Османи не знам за останатите колеги, но јас денеска доживувам дежа ву во оваа сала. И морам да признам дека не можам да говорам со емоции. Затоа што прашањава за кои што денеска зборуваме односно имам лош обид за зборување ме задираат мене како Македонка. И ме задираат овие прашања со години откако сте вие на власт, нас Македонците“ истакна Благица Ласовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Комисијата за надворешни работи.

Ласовска го потсети Османи билбордите со ЕУ, европско здравство и се што не ветуваа на граѓаните, а граѓаните не добија ништо.

„Господине Бујар Османи како министер за надворешни работи и како граѓанин на оваа држава, а пред се Македонка која што атакуваат од сите страни можни, морам да Ве прашам кога ги слушавме сите навредливи коментари од страна на бугарските функционери вклучително и Резолуцијата која што за нас не само што не е прифатлива, туку е и навредлива, не слушнав ниту една одбрана од Вас“, рече Ласовска.

Ласовска додаде дека оваа власт само може да се види и слушне по медиуми. Ова сега е глума, само како да се покаже дека Османи е поразличен од Димитров.

„Не видов ниту една дипломатска нота, а избрани сте од мене и од останатите колеги за да не штитите, а и дававте заклетва да не штитите нас“, го потсети Ласовска Османи.