Драган Павловиќ Латас гостуваше на ТВ Алфа во емисијата “За македонските работи“ во која се зборуваше за политичката (зло)употреба на атентатот врз македонскиот претсдеател Киро Глигоров во рамките на жестоката бугарска пропаганда последниве две години и нивната теза за “српскиот свет“ во Македонија, како и за забраната по одлука на судот на книгата на Стојан Андов “3а атентатот и по него“ по тужба од Љубомир Фрчкоски кој во книгата се опишува како “сомнително лице“ во врска со атентатот и истрагата по него.
Во интервјуто се зборува и за актуелните политички настани како што се превирањата и вантершниот бунт во СДСМ и препораката на ЕУ преку Фон дер Лајен да се почнат директни преговори помеѓу Македонија и Бугарија, што е голема промена и напредок во однос на досегашната пракса на Брисел дека за проблемот, по барање на Бугарија а со согласност на владата на Заоран Заев, не е билетерален, помеѓу две држави, туку е во надлежност на властите во Брисел.
Филипче не е политичар, туку „чувар плаже у зимском периоду“, вака новинарот Драган Павловиќ Латас во куси црти го опишува „лидерот“ на СДСМ во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Во интервјуто на ТВ Алфа, Латас посочи дека Венко палијативно ја лечи сопствената партија, со кој метод тој самиот покажува дека таа е „пред умирање“.
Oколу Филипче, јас него не го гледам како политичар, бидејќи он тоа не е. Тој е „чувар плаже у зимском периоду“, има и филм еден така се вика. Сега да го употребам неговиот речник, тој сега применува еден метод на палијативно лечење на партијата.
Што значи палијативно? Палијативно лечење е кога некој е болен пред или непосредно пред умирање и ти више не го лечиш, ти се обидуваш само да му ја намалиш болката, разговараш со него, му даваш некои чаеви и така натаму, за физички да му биде полесно за смртта кога ќе дојде да не биде во некои тешки болки или кома. Значи Филипче сега врши палијативно лечење на партијата и заради тоа таа партија е неизлечива. Тој самиот покажува дека е неизлечива бидејќи го применува овој метод, вели Латас во „За македонските работи“.
– Он е сега во конфликт со пола партија, а ако е со Бранко Црвенковски во конфликт, еден од основачите на партијата и оној кој ја држел на власт во најдолг период, тогаш е во конфликт со многу голем дел од СДСМ.
Затоа јас не го коментирам или избегавма да го коментирам СДСМ, па дури и Филипче затоа што имам посебен респект према лекари и учители, наставници и професори се разбира. Едно општество се гради или паѓа првин на овие две ствари, на учители, на сите нивоа кога ќе кажам учители и лекари. Здравје и образование е основ на секоја фамилија, на човек, на општество, на држава, вклучително првен систем и другите, потенцира Латас во интервјуто со Цветановски.
ЗНАМ е движење, партија, основана неодамна пред околу две години од луѓе кои биле во СДСМ на некои ниски позиции и сега се во владата на ВМРО ДПМНЕ. Покажуваат капацитет и спроевдуваат реформи како Горан Минчев со темелни реформи во администрацијата или Мемов со пензискиот систем кој прави реформи што е исклучително тежок процес за кој Швајцарците потрошија десет години. Не е во прашање, не е тема продолжување на возраста за стекнување пензија.
Државата од буџетот дава околу 500 милиони евра годишно за дополнување на пензискиот систем за да течат пензиите. Притоа, наоѓа и причина за тој дефицит. Во Македонија има околу 750.000 вработени и околу 320-350.000 пензионери. И, нашол дека над 200.000 вработени, потенцирам вработени кои ги користат сите права како здравствено и д уги осигирувања – не плаќаат за пензиско осигурување ! А тоа се 500 милиони евра годишно, токлку колку што фалат во пензискиот систем и колку што се доплаќа од буџетот, кажа Латас. Во 2017-та кога Заев доби власт минималната пензија беше околу 9.000 денари, сега со линеарните покачувања минималната пензија е околу 23.000 денари.
Тројцата од ЗНАМ во владата на ВМРО ДПМНЕ, Минчев, Мемов и претходно Филков се доказ дека во СДСМ имало луѓе способни за работа и реформи но, мафијата на Заев не им требале такви на позиции, заклучува Латас.
“Замислете власт на СДСМ и Левица, замислете како тој со брадата се појавува и најавува “реформи во пензискиот систем….“ незамисливо е, нели.“
Извор: Вечер.мк
