Европската унија го усвои 12-иот пакет санкции за Русија. Зеленски смета дека со новите мерки Москва ќе биде додатно економски ослабната. На терен, жестоки борби се водат во правец на Бахмут, Авдијивка и Запорожје.

Руската армија тврди дека уништила 25 беспилотни летала и одбила уште десетици украински напади. Вашингтон планира нова воена помош за Киев, во страв дека Путин нема да застане на Украина.

Лавров тврди, Москва нема интенција да ги нападне земјите на НАТО. Самитот на ЕУ закажа вонреден состанок за 1-ви февруари.

„Русија нема такви планови. Немаме никакви територијални спорови со земјите на НАТО. Самиот факт што сериозни луѓе на САД го кажуваат ова гласно, зборува за нивната многу очајна ситуација“, изјави министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.