Лавров на Алјаска за руско-американскиот самит: „Имаме јасна и разбирлива позиција“
Централната тема на претстојниот состанок меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп ќе биде решавањето на украинската криза, потврди претходно помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. Самитот ќе започне денеска во базата Елмендорф-Ричардсон, објект од времето на Студената војна, каде лидерите најпрво ќе имаат тет-а-тет разговор, а потоа ќе им се приклучат делегации од по пет преговарачи од двете страни.
Во руската делегација е и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој вчера пристигна на Алјаска носејќи сив блузон со натпис „СССР“. Снимката објавена на Телеграм каналот на весникот „Известија“ брзо се прошири на социјалните мрежи. Лавров даде кратка изјава додека од службениот автомобил одеше кон хотелот во Енкориџ.
„Никогаш не планираме ништо однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна, разбирлива позиција. Ќе ја презентираме“, изјави шефот на руската дипломатија, одговарајќи на новинарско прашање за можниот успех на средбата меѓу Путин и Трамп, пренесуваат руските медиуми.
Тој потсети дека „многу е веќе направено за време на посетите на специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф“, кој во Москва имал разговори со Путин во име на Трамп. „Се надевам дека ќе го продолжиме овој корисен разговор“, додаде Лавров.
Lavrov arrived in Alaska wearing a “CCCP” sweatshirt.
/Insert GIGAchad meme here. pic.twitter.com/MaRVmV5UB1
— Olga Bazova (@OlgaBazova) August 15, 2025