Предводникот на црвено жолтите пријателските дуели против Грција ќе ги искористи за воигрување на тимот пред нагтпреварите на престојното ЕП на стартот на 2024 година.
Искусниот Никола Костески ќе добие шанса на десно крило по добрите игри во дресот на Плзењ во чешкото првенство, додека конкуренцијата на пивотменската позиција се засилува со Милан Лазаревски, кој одлично ја почна сезоната во дресот на Вардар.
Шанса ќе добие и Емилијан Ѓорговски, бекот кој до пред една година важеше за суперталент, но не доби премногу шанси за докажување на клупски план.Првиот собир на ракометарите е на 30 октомври во Скопје, а натпреварите во Солун се закажани за 3 и за 4 ноември.
На списокот на Лазаров се следните ракометари:
На списокот на Лазаров се наоѓаат:
голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски и Марко Кизиќ.
леви бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски и Емилијан Ѓоргоновски.
средни бекови: Иван Џонов, Игор Ѓоргиев и Марко Митев.
десни бекови: Мартин Велковски, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов и Давид Савревски.
десни крила: Ненад Костески и Никола Костески.
леви крила: Цветан Кузманоски и Петар Атанасијевиќ.
пивоти: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Милан Лазаревски и Марко Стојковиќ.
дефанзивец: Едвин Омерагиќ.
Натпреварите ќе бидат контролни и се во рамките на ЕХФ неделата (30.10 – 05.11).