Вардар елиминиран од „лавовите“, Работнички со пресврт ја победи Шкендија, Брегалница победи со високи 11-0. Изненадување беше победата на Воска против актуелниот шампион Струга ТЛ.

Македонија ЃП ја продолжува одбраната на куп-трофејот откако го елиминира Вардар на дуелот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари со 0-1. Алтин Алији беше стрелец за ѓорчепетровци во 63.минута. Во завршницата Вардар се обиде да се врати, но немаше сили за такво нешто.

Работнички во еден возбудлив натпревар ја елиминираше Шкендија. Со голот на Влатко Стојановски дебармаалци поведоа уште во деветата минута, но Шкендија до крајот на паузата направи пресврт со головите на Цаке и Елези (1:2).Во вториот дел Работнички со два гола на Гандо и Мазари обезбеди следна фаза.

Најубедливата победа во овие осминафинални натпревари ја забележа Брегалница која го совлада Јанг Тим од Струга со 11:0. Уште на полувремето штипскиот тим водеше со 6:0.

Шкупи лесно се справи со Охрид и славеше со 4:0, Силекс се пласираше во четвртфиналето со триумф од 3:2 против Башкими, а Тиквеш со голот на Даниел Мојсов го победи Пелистер во Битола.

Преку изведеување на пенали до победа дојде Брера против Гостивар и Воска против Струга. Двете средби во регуларниот дел завршија без голови.

Резултати на натпреварите од националниот куп одиграни попладнево:

АП Брера – Гостивар 5:4 (на пенали)
Брегалница – Јанг Тим Струга 11:0
Пелистер – Тиквеш 0:1
Работнички – Шкендија 3:2
Шкупи – Охрид 4:0
Силекс – Башкими 3:2
Вардар – Македонија ЃП 0:1
Воска Спорт – Струга 4:1 (на пенали).