Селекторот на македонските ракометари, Кирил Лазаров, им ја честита играта и борбата во денешниот натпревар против Швајцарија, каде нашите момци излегоа како победници.

-Одигравме екстра квалитетен натпревар, со голема борба, голема жар, многу желба за победа и знаете, кога посакувате, тоа им го кажав на момците пред натпревар, не е важна ниту стратегија ниту тактика, само да ја посакуваме победата повеќе од Швајцарија. Така и беше иако и тие посакуваа победа и покажаа на ова ЕП дека се многу квалитетни. Многу сум задоволен и среќен од презентираното на овој натпревар, рече Лазаров.

Посочи дека техничките грешки на овој натпревар биле сведени на минимум.

-На минатите натпревари, можеби од преголем респект кон имињата на репрезентациите со кои игравме, се доведувавме во таква ситуација. Можевме да извлечеме подобар резултат, не да победиме, но секако да биде подобро, рече тој.

Лазаров се заблагодари на македонската јавност и медиумите за поддршката и за доживувањето на победите и поразите.