Авион на „Рајанер“, кој летал од полскиот град Катовице за Атина, испратил предупредување до грчката контрола на воздушниот сообраќај за можна бомба на летот, јавуваат грчките медиуми.
Во авионот имало 192 лица, а „боингот“ безбедно слетал на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“ придружуван од грчки борбени авиони Ф16, објави веб-страницата „елкосмос.гр“.
„Сите луѓе се добро и безбедни“, рече Елена Димопулу, портпаролка на аеродромот.
Авионот ја прелетал и Македонија.
Претходно, унгарски борбени авиони го следеа авионот во нивниот воздушен простор.