Полициските екипи ги завршија проверките по пријавите за поставени бомби на скопскиот аеродром и дел од училиштата. Утврдено е дека се работи за лажни пријави.
Во моментов се уште траат проверките во останатите објекти каде денеска имаше дојави за поставени бомби.
Од МВР информираат дека по завршување на проверките во останатите објекти, јавноста ќе биде информирана.
За потсетување, денеска дојави за бомби имаше во десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел Александар Палас, хотел Мериот, трговски центар Ист Гејт, спортска сала Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје.
Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани досега рекордни 49 дојави за бомби, за кои полицијата по проверките посочи дека се лажни