Леброн Џејмс, потпиша нов договор со Лос Анџелес Лејкерс. Договорот е за следните две сезони и вреди вкупно 104 милиони долари. Според ЕСПН, договорот е за 1+1 година, а има и клаузула која го спречува раководството да го префрли во друг тим.
Новата сезона за Џејмс ќе биде 22-ра во НБА. Во него тој ќе може да игра заедно со својот син Леброн Џејмс Јуниор.
19-годишниот Брони беше драфтуван од Лејкерси во второто коло на драфтот што пред неколку дена се одржа во Њујорк.