Делегација на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Берлин оствари бројни состаноци.

-Средби и состаноци во фондацијата КАС, со проф.др.Норберт Ламерт, претседател на КАС и поранешен Претседател на Бундестагот. Продуктивна средба со германскиот пратеник Peter Beyer (ЦДУ) во германскиот Бундестаг! Работен состанок со младиот Felix Muller експерт за Европски политики, со кој разговаравме и за младински политики! И многу значаен состанок во седиштето на ЦДУ во Берлин! Многу корисни разговори и Македонија и за заедничките интереси на Македонија и Германија. Благодарност до Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje за одличната агенда дел од “Програмата за дијалог”, објави пратеникот Миле Лефков.