Во вечерашната емисија „Топ тема“ на Телма ТВ гостуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, кој истакна дека власта е одговорна за двоцифрената инфлација, за апатијата кај населението и за сиромаштијата, а во изминатите години има премногу скандали за кои не се води ниту една постапка против било кој функционер од власта, пренесува Netpress.com.mk.

„Во демократијата јасно е чија е одговорноста за апатијата кај народот, одговорноста е на тие што се на власт, и на власта е одговорноста за раководењето и одговорноста за двоцифрената инфлација. На власта е одговорноста зошто сме секој ден посиромашни“, посочи Лефков.

Лефков посочи и дека власта позади себе има многу скандали изминатите години, а не се води постапка за ниту еден функционер од власта.

„Над 400 милиони јавни набавки се во нетранспарентни постапки и тоа го пишува и во извештаите на Државен завод за ревизија. А, не се води ниту една постапка против актуелен функционер. Се менуваше закон за градба за да постојат модуларни болници па во тие модуларни болници за жал ни се случи трагедија. Многу имаат посади себе оставено скандали од власта, и воопшто не е наивна темата дека власта со измените од КЗ планира себеси да се амнестира. Тие ги гледаат анкетите и знаат дека си одат од власт“, истакна Лефков.