Станува збор за фирма која што е основана од Димитар Ковачевски и неговиот кум Горанчо Паунов, Пиксел Груп. Веднаш откако станува заменик министер за финансии, Ковачевски го повлекува својот основачки влог обидувајќи формално да се исчисти од тоа, меѓутоа останува КМГ ЕОЛ Квазар која што ја основа неговиот кум. Е сега фирмата на кумот Паунов практично потпишува договор со ЕСМ во кој што му продава фотоволтаични панели во вредност од над 2 милиони евра. А замислете Ковачевски има мандатна сопственост во ЕСМ преку уделот кој што го има државата. Затоа што кога станува збор за државно поседувани претпријатија, уделот на државата е претставуван преку владата. практично ако го анализирате ќе видете дека на договорите се потпишани двајцата кумови, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во утринската емисија на Радио Лидер, за аферата која вчера ја објави ВМРО-ДПМНЕ, наречена „БРОИЛО“.

Лефков посочи дека состојбата со енергетската криза се влошува бидејќи државните енергетски компании стануваат загубари преку ноќ и практично пропаѓаат, укажувајќи дека прогласување на кризна состојба од страна на владата не значи справување со енергетската криза, туку дискреционо владата да троши државни пари за набавка на електрична енергија.

-Она што се случува навистина е страшно. Гледате како државните енергетски компании стануваат загубари преку ноќ, пропаѓаат, и практично ние сите заеми кои што ги земаме и кризните состојби кои што се објавуваат, и покрај тоа што ја обвинуваат опозицијата дека не поминал некој заем, дека правиме опструкции со долги говори, всушност јавноста треба да знае дека владата со прогласување на кризна состојба не се решава ништо, едноставно се дава можност на владата дискреционо да троши државни пари за набавка на електрична енергија. И кога имате ситуација каде што македонскиот бизнис плаќа двојно поскапа струја од бизнисите во регионот, од друга страна имаме недостаток од производство на електрична енергија, Србија произведува онолку колку што троши, Албанија исто така, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, додека во Македонија гледаме како државните компании стануваат загубари, истакна Лефков.

Лефков додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да објавува детали за аферата БРОИЛО, укажувајќи дека најавено е формирање на компанија заедно со бугарска фирма која што повторно ќе добие државна помош бидејќи ќе се гради во индустриската зона во Тетово.

-Скандалот не завршува тука, гледаме дека има најава за формирање компанија заедно со бугарска фирма која што треба да добие државна помош затоа што ќе биде во индустриската зона во Тетово. И сега замислете ќе имаме уште еден договор каде од една страна кумот ќе му потпише договор на кумашинот и токму затоа велиме дека ова не е завршена афера, кажа тој.

Гледате една длабоко разработена коруптивна шема каде што првиот човек премиерот кој што треба да се грижи за јавниот интерес, треба да се грижи за интересите на неговиот кум, рече Лефков.