Македонија ги доживува најсрамните времиња приредени од Ковачевски и СДС. СДС на поклон ја даде Македонија на ДУИ, Ахмети и Талат Џафери, само за да си ги спасат фотелјите, само за да продолжат со криминалот и корупцијата го направија Талат Џафери или командант Форина премиер на Македонија. Дното е достигнато, рече на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Еден дезертер заменет со друг дезертер. Криминалците имаа држава ама сега својот криминал го овенчаа и со премиер. Еден криминалец со друг. СДС се силеа и удираа во гради дека нема да гласаат техничка влада која нема да ја поддржи ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски упорно велеше дека нема таков случај во светот и дека тоа е неприфатливо, но кога на дневен ред дојде Талат Џафери цело СДС како ученичиња во клупа се нацртаа да гласаат од прв до последен. Затоа народот со право вели немаме држава. Како изгледа владеењето на ДУИ. Бизниси за лотарија водени од Груби, „Соравија“ купена од Дрин Ахмети без вложен денар, десетици милиони евра тендери за донаторот на ДУИ, „Еуровиа“, хотели на Шапка преземени од бизнисмени блиски до ДУИ, тендери преку ЕСМ кои се бројат во стотина милиони евра. Али Ахмети славеше, а Ковачевски веднеше глава, а цело СДС гласаше. Ковачевски не само што се продаде себе, туку ја продаде и СДС и сите нивни пратеници. Но на понижувањата за Ковачевски во желбата за власт им нема крај. Тој го моли командант Форина и Ахмети да му го поддржат Стево Пендаровски и да имаат заеднички листи. Ковачевски за власт дава се, со Ковачевски, СДС и ДУИ, Македонија секој ден ја има се помалку, истакна Лефков.

Вака се гази државата, ова е срам за СДС. Народот го гледа срамот кој СДС и го приреди на Македонија и ќе ги порази на 8-ми мај. Никогаш не било полошо. Затоа е важно е да ги поразиме.