Референдумот е непосредно изјаснување на граѓаните, уставна категорија која и видовме како постапи Талат Џафери кога ја отфрли иницијативата која ја поднесовме до Собрание. Видовте и на кој член од Уставот се повика, на Член 118 дека ратификувани меѓународни договори не можеле да се менуваат со закон. Никој не му поднесе нему предлог за закон, никаде во Член 118 не пишува дека не може да се менува со референдум, пишува дека не може со закон. Тоа не беше предлог за закон туку за референдум, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за „Анализа“ на ТВ24.
Лефков посочи дека референдумското прашање беше насочено кон договорот со Бугарија кој е извор на сите проблеми кои се појавија со преговарачката рамка и дека проблемот е тоа што од Македонија се бараат дополнителни услови, односно исполнување на бугарските барања и дека на овој начин ќе се влезе во бесконечни преговори.
– Ние во многу наврати кажавме кога станува збор за ЕУ и исполнување на Копенхагешките критериуми во кои ќе треба да се бориме против корупција, да имаме стабилна економија, ние немаме никакви сомнежи. Имаме проблем затоа што покрај разговарањето за овие работи со ЕУ ние треба да разговараме на дополнителна маса на која ќе треба да ги исполниме бугарските барања. Ние сме за членство во ЕУ, но сакаме еднаков третман. Нефер е тоа што Албанија и Македонија кои беа во пакет имаат различен пристап. Во Македонската преговарачка рамка има решенија со две меѓувладини конференции, потенцираше Лефков.
Зошто не е поднесена кривична за Џафери, Лефков посочи дека институциите се узурпирани од страна на власта целосно.
– Еве гледате Џафери го узурпира Собранието. Талат Џафери е лик на узурпатор. Еве во Собрание гледаме Јавен обвинител е кандидат за уставен судија, нема дебата, предлагачите ги нема никаде. Ќе дојде време кога истите ќе бидат поднесени кога ќе бидат ослободени институциите, истакна Лефков.
Во врска со иницијативата на Левица за друг референдум, Лефков посочи дека треба да се разгледа да се види Левица да го образложи истото.
– Како позитивно го оценуваме она што повторно се покренува прашањето за референдум, останува да се види на Левица како е составено ова прашање, кон кои заклучоци може да води, рече Лефков.