До 60 вработени се погодени од овој медицински пропуст и ќе мора да поминат тестови за ХИВ и хепатитис.
Компанијата изрази длабоко жалење за овој случај и најави дека ќе инсистира на целосно расчистување, а лекарот беше привремено суспендиран.
Лекарка на медицинскиот центар „Vamed“ требаше да ги вакцинира вработените против коронавирусот, но и се случи овој пропуст.
„Voestalpine“, во изјавата посочува дека е несфатливо како може да има пропусти во центарот за вакцинација во однос на квалитетот и хигиената.
Портпаролот на „Vamed“, Лудвиг Билер изјави дека се утврдени пропусти при вакцинирање на повеќе лица.
Детална проверка утврди дека лекарот, кој ја извршил вакцинацијата, делумно неправилно го применувала материјалот за вакцина, додаде тој.