Претседателот на Националниот комитет за имунизација д-р Аленсандра Грозданова ќе зборува на тема „Митови и вистини за ковид вакцините”, додека д-р Александар Петличков од Институтот за имунологија и хумана генетика ќе ги појасни индикации и контраиндикации за вакцинирање.
Лекарската комора во изминатите месеци организираше низа онлајн настани кои беа наменети за докторите по медицина, но со цел подигнување на нивото на информираност на општата популација за оваа актуелна тема цени дека ќе постои интерес кај медиумите за организација ваков настан.