Иако по професија не сум правник, приморан сум да се обидам да му одржам една кратка лекција по право на Димитар Апасиев, „правникот“ во улога на Арачинофоб!

Мр. Дритон НЕБИУ

„Правникот“ Апасиев има поднесено кривична пријава за „кражба на струја“, не кон еден, туку сите жители на Арачиново, со што без никаков доказ, само воден од неговата опсесија со Арачиново покажува дека не е заинтересиран реално за евентуалната штета или „кражба“ туку едноставно сака да ги покаже арачиновци, а со самото тоа и албанците – како луѓе кои според неговите видуваања се виновни само затоа што се живи.

Истиот правник, иако свесен дека нема никаков основ, поднесе пријава во негово име без да спомене или поднесе конкретен доказ како тој ја утврдил кражбата. Не објаснува дали бил на терен да ја согледа состојбата, од каде му се тие податоци и врз основ на што е поднесена пријавата?

Кога се поднесува Кривична пријава, истата треба да му се адресира на одредено физичко или правно лице, но до сега не сме слушнале дека иста се поднесува кон цел еден колектив, жители на цела една општина и тоа само заради фактот дека се трн во окото на некојси „правник“.

Целта на „правникот“ Апасиев се знае и се подразбира. Немајќи капацитет да се оправда пред неговите налогодавачи за чии интереси одработува на политичката сцена во Република Северна Македонија,  ја злоупотребува својата положба и јавниот медиумски простор така што насекаде шири тези кои носат поделби, а во исто време секој евентуален проблем во земјава сака да го прикаже како етнички. При тоа, јасно е дека Апасиев е свесен дека се однесува неетички, но сепак тоа му е дадено да го сработи и за тоа и се плаќа, а се чини не во денари, ни во евра или долари туку со рубљи.