Ленче Ристоска поднесе оставка, тоа е главна тема во државата. Од се она што сум го гледал, искрено, Ленче Ристоска ми делува како пристојна, високо-писмена и елоквентна личност.
пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ
Така што. во овој пост не пишувам за Ленче Ристоска како личност, туку за Ленче Ристоска како јавен обвинител.
Прочитав десетици драматичнни објави на реномирани луѓе кои жалат затоа што обвинителката Ристоска си поднела оставка. Доколку стануваше збор за успешен обвинител, ќе го споделев ставот!
Би сакал да ги прашам сите овие луѓе, едно многу едноставно прашање: Кој високопрофилиран криминалец беше ставен во затвор по обвинение на Ленче Ристоска, па сега толку да жалите по обвинителката?
Одговорот е многу едноставен и гласи: Ниту еден високопрофилиран криминалец не завршил во затвор по обвинение на Ленче Ристоска.
Тука завршува секоја дебата за нејзините успеси како обвинител. Нејзините квалитети како човек се друга работа и јас лично сметам дека бившата обвинителка навистина би била извонреден истражувачки новинар (по македонски стандард).
Како истражувачки новинар, Ленче може годишно да добива и по 7-8 награди во државава.
Во истражувачкото новинарство во Македонија, за разлика од обвинителската професија, не треба да ги докажувате делата кои ги товарите на луѓето. Се што ви треба е добра продукција, многу драма и имагинација!
Сметам дека Ленче покрај потенцијалот, го има и друштвото и конекциите за успешна кариера во оваа бранша. Во делот на заработувачката, не верувам дека има бонуси колку во СЈО, ама горе-споменатите не живеат воопшто лошо!
