– Постои „лајт“ верзија, која е првата компонента на вакцината Спутник В. Ако се користи одвоено, без примање втора доза, овозможува намалување на заболувањето од оваа инфекција за 50 или дури 60 отсто, кажа Гинцбург вчера за телевизијата Русија 1.

Истражувањата на вакцината Спутник лајт, која се дава во една доза, почнаа во Москва на 27 февруари, а барањето за нејзина регистрација беше поднесено на 29 март.

Спутник В која се дава во две дози останува главната вакцина.

Во стручниот магазин Лансет е објавено дека Спутник В е 92 отсто ефикасна во спречувањето симптоматска болест и 100 отсто во спречувањето тежок облик на болеста.

Руската вакцина се смета за ефикасна и против новите соеви на коронавирусот.

Спутник В е една од трите вакцини против ковид-19 кои во моментов се тестираат во Европската агенција за лекови (ЕМА), покрај вакцината на американски Новавакс и германски Кјурвакс.

Се очекува експерти на агенцијата да ја посетат Русија месецов за да ги проверат производството и чувањето на вакцините.