На непрофитното улично списание „Лице в лице“, посветено на одржливиот развој, социјалната правда, еднаквост, демократија и хуманост, и на Борче Стаменов од Кавадарци, кој собира расипани лаптопи и компјутери и од нив создава нови донирајќи им ги на социјално загрозени семејства, денеска во Собранието им беше доделена државната награда „Мето Јовановски“ 2023 – највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

„Лице в лице“ постои од 2012 година и вклучува повеќе од 150 продавачи на списанието, што е пионерски чекор во социјалното претприемништво во земјава. Се залага за правата на загрозените и за демаргинализирање на групи и поединци и нивно вклучување во општеството, промовирајќи позитивни животни приказни. Списанието, кое се печати на рециклирана хартија, а од 2020 е достапно и во дигитална верзија, прерасна во алатка за застапување и за комуникација при подигнувањето на свеста кај јавноста за општествено важни теми.

Наградата ја прими Маја Раванска, уредничка на списанието, која истакна дека ја креваат свеста и се застапуваат за важни теми како што е правото на работа. За нивните улични продавачи, кои доаѓаат од најранливите општествени групи, рече дека кога пред 11 години првпат почнале во кафулињата на Дебар Маало да го продаваат списанието, се чувствувале рамноправни со оние на кои им го нуделе