Јавното обвинителство информира дека во период од 2014 до 2018 година, обвинетиот во својство на физичко лице, одбегнувал плаќање на персоналниот данок на доход. Иако во наведениот период остварил приходи од 38.939.778 денари, тој приходите не ги навел во даночните пријави со што затаил персонален данок на доход во износ од 713.895 денари на штета на Буџетот на Република Македонија.