Одделот за граѓански работи, односно отсеците за управни работи на оваа организациона единица при МВР во Куманово, Велес, Охрид и Тетово со сите подрачни единици во нивни состав, на денеска ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 8 до 16 часот, соопштија денеска од МВР.

Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Штип ќе работат подрачните единици во Кочани, Берово, Делчево, Пробиштип и Свети Николе.

Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Битола ќе работат подрачните единици во Битола, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод.

Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Струмица ќе работат следните подрачни единици во Струмица, Гевгелија и Радовиш.

Истовремено и Одделението за управни работи Скопје само во објектот на МРТВ денеска ќе работи на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.

В недела, пак, на 31.10.2021 година сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје – Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево