Додека нивниот народ пропаѓа во сиромаштија и го третираат како жив штит, лидерите на Хамас живеат милијардерски начин на живот. Само тројцата главни водачи на терористичката група вредат неверојатни 11 милијарди долари и уживаат во луксузниот живот во Катар.
Хамас има канцеларија во главниот град на Катар, Доха, а неговите лидери Исмаил Ханије, Муса Абу Марзук и Калед Машал живеат луксузен начин на живот. Еден од синовите на лидерот на Хамас Исмаил Ханија живее во луксузен хотелски апартман во Катар. Ханија вреди повеќе од четири милијарди долари.
Лидерите на Хамас живеат во луксуз, додека голем процент од два милиони жители на Појасот Газа живеат во тешка сиромаштија. Лидерите се видени во дипломатскиот клуб, фотографирани во приватни авиони и многу патуваат.
Раководството на Хамас беше во Катар за време на Светското првенство во 2022 година, пишува Њујорк пост. Спротивно на тоа, поголемиот дел од населението од повеќе од два милиони во Појасот Газа, со кој владее Хамас од 2007 година, живее во тешка сиромаштија.
Ханије (61), шеф на политичкото биро на Хамас, беше премиер на Палестина по изборите во 2006 година, иако беше сменет од функцијата една година подоцна. Тој продолжи да владее со Појасот Газа до 2017 година пред да заврши во Катар.
Ханије, татко на 13 деца, кој е на чело на една од најбогатите терористички групи во светот, вреди повеќе од четири милијарди долари. Тој е фотографиран со неговите двајца возрасни синови, Мааз и Абдел Салам, кои живеат во луксузни хотели во Катар и Турција, според неодамнешната објава на социјалните мрежи од Амбасадата на Израел во САД.
Минатиот месец американскиот конгресмен Мајк Волц го повика Бил Гејтс да му забрани на Хамас да престојува во кој било хотел на „Four Seasons“, вклучувајќи го и оној во Доха. Инаку, Гејтс поседува пакет акции во тој синџир хотели.
Исто така минатиот месец, хотелот „Four Seasons“ во Доха објави дека Ханије не е еден од нивните гости. Не беше наведено дали тој претходно престојувал таму. Меѓу топ понудите на тој хотел се апартмани со поглед на море, со цени кои почнуваат од 900 долари за ноќевање.
Синот на Ханије, Мааз, е познат како „Татко на недвижностите“ во Газа поради неговата колекција од куќи и згради. Во Турција живее плејбојски начин на живот, а годинава доби турски пасош, пишува „Израел тудеј“.
Друг лидер на Хамас, Калед Машал, е ентузијаст за пинг-понг. Овој милијардер живее луксузен живот во Катар, а исто така и во Турција, според извештаите.
Израелската влада проценува дека Абу Марзук (72), висок политички лидер на Хамас кој ја предводи нивната „канцеларија за меѓународни односи“, има три милијарди долари.
Тој е магистер по градежен инженер на Државниот универзитет во Колорадо и беше уапсен во Њујорк кога американските имиграциски власти го најдоа неговото име на списокот за следење терористи во 1995 година.
Шеесет и седумгодишниот Машал, кој упати глобална закана за Евреите по масакрот на 7 октомври, според израелската влада вреди повеќе од 4 милијарди долари.
Абу Марзук, кој се смета за втор човек на Хамас, беше уапсен од американските имиграциски власти во 1995 година и задржан во притворен центар во Менхетен.
Емиратот долго време го оправдува присуството на лидерите на Хамас во Катар како дел од својата поддршка за претворање на терористичката група во „одговорна владејачка сила“, се вели во извештајот на Фондацијата за одбрана на демократиите.
Земјата му обезбедува на Хамас помеѓу 120 и 480 милиони долари годишно, според октомврискиот извештај на непрофитна организација со седиште во Вашингтон која ја проучува надворешната политика.
-Овие средства им користат на лидерите на Хамас директно преку платните списоци и шемите за враќање на парите и индиректно преку социјалните служби и владините операции кои му помагаат на Хамас да ја одржи политичката контрола врз Газа, се вели во извештајот.
Катар не е единствениот извор на пари за Хамас. Групата, исто така, зеде речиси 400 милиони долари во последните две години од ОН, кои не го признаваат Хамас како терористичка организација.
Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа му обезбеди на Хамас 380 милиони долари од 2021 година, според Фондацијата за одбрана на демократии (ФДД). Голем дел од тие пари дојдоа од администрацијата на Бајден, која обезбеди 1 милијарда долари на УНРВА од 2021 година.
-Бидејќи УНРВА долго време инсистираше на тоа дека нема политичка помош и бидејќи Хамас се смета за политичка партија, речиси сигурно знаеме дека доларите на нашите даночни обврзници се доставени во рацете на Хамас, наведе ФДД, додавајќи дека администрацијата на Трамп ги суспендираше американските придонеси за УНРВА поради врските со Хамас.
Њујорк Пост