Преминот Керем Шалом е изграден и опремен за управување со камиони, додека моментално користениот премин Рафа меѓу Газа и Египет е наменет за пешаци, појасни денеска Јенс Лерке, портпарол на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Поради оваа причина, покрај безбедносните грижи, контролниот пункт Рафа често се соочува со логистички проблеми при ракување со големи количини хуманитарни материјали, истакна тој.

Дополнително, нема можност за проверка на товарот на граничниот премин Рафа, што доведува до големи заобиколувања и задржувања, нагласи Лерке и додаде: „Рафа“ е второто најдобро решение, најдобро е граничниот премин Керем Шалом.

Вчера преку Рафа во Појасот Газа влегоа 65 камиони со храна и медицински материјали, како и седум амбулантни возила, рече Лерке.

Од 21 октомври, вкупно 821 камион доставиле помош до опколената енклава.

Пред избувнувањето на војната предизвикана од нападите на „Хамас“ на 7 октомври, дневно во Газа влегуваа околу 500 камиони со стока, потсетува ДПА.