Од утре (понеделник) лидерот на „Огнената група“ од ДУИ, Изет Меџити, ја започнува процедурата за основање на новото движење. ТВ21 дознава дека целта на Движењето на чело со Изет Меџити е обединување на опозицискиот фронт, пренесува Република.

„Или ќе си одиме дома или ќе формираме ново политичко движење“, рече Меџити пред неколку дена, посочувајќи дека истото нема да биде класично, пренесува ТВ21.

Прашан дали имаат име за партијата, Меџити рече дека размислуваат и дека дебатата е отворена и се очекуваат иницијативи од граѓаните. Меџити предупреди дека тоа ќе биде демократско движење, кое поинаку ќе го артикулира мислењето. Тој додаде дека до сега има моќна партија ДУИ и мали опозициски партии кои не ја играле улогата на опозицијата.

Сега лидерот на Огнената група мисли дека меѓу Албанците ќе има два политички блока – тоа ќе биде власт и моќна опозиција што нужно ќе произведе поголем ефект за Албанците.