Германскиот гигант за малопродажба Лидл е во напредна фаза на воспоставување на соработка со македонски компании. Паралелно со изградбата на маркети низ државата и логистички центар во индустриската зона во Куманово. Ова беше истакнато на средбата меѓу заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, и менаџментот на компанијата.

Средба на менаџментот со заменик министерот за економија Ристески

Со вкупно 80 милиони евра Лидл ќе отвори повеќе од 150 работни места

Претставници од Лидл Бугарија и  Македонија, меѓу кои Милена Драгиска-Денчева, Рубријан Хаџиев и Теодора Хаџи-Димова Танаскоска, изразија подготвеност за тесна соработка со локалните производители. Македонските производи  ќе бидат застапени не само во домашните маркети туку и во продажните мрежи на Лидл во регионот.

Домашни производи и нови вработувања

„Очекуваме маркетите да се отворат што е можно побрзо. Тоа ќе донесе европски квалитет по достапни цени, нови вработувања и силна поддршка за македонските производители,“ изјави заменик-министерот Ристески.

Владата ја повтори својата подготвеност за решавање на сите евентуални административни пречки за реализација на оваа значајна инвестиција.

Брендот е водечки синџир на супермаркети во Европа, присутен во 31 земја со над 12.000 продавници и повеќе од 360.000 вработени.

Извор: Курир