Германскиот трговски синџир “Лидл“ на 3 август почнува со градба на маркет во Битола, кој ќе се наоѓа кај кружниот тек во близина на старата млекарница, под Еврејските гробишта, објави локалниот портал Битола Њуз.

Градежниот простор е заграден и исчистен, а на поставената табла може да се прочита дека маркетот ќе се гради една година до 3 август 2024.

Изведувач на работите е “Фабрика Карпош“ АД Скопје, а проектант “Иванов Инженеринг“ од Битола.