Најдобро рангираната македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на фјучерсот „Триглав Опен“, откако попладнево триумфираше во четвртфиналниот дуел против Сада Нахимана од Бурунди со 2-0 во сетови.
Ѓорческа го доби првиот сет без загубен гем, а вториот со 6-1 и за 52 минути игра обезбеди место меѓу најдобрите четири тенисерки на фјучерсот што се игра на терените на ТК „Југ“ во Скопје.
Во полуфиналето Ѓорческа ќе игра против Ива Приморац од Хрватска, која претходно денеска ја елиминираше првата носителка Леолиа Жанжан од Франција со 2-0.
Во второто полуфинале ќе играат Литванката Јустина Микулските и Дејана Радановиќ од Србија