Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Златко Перински до Управниот Одбор на претпријатието ќе предложи да се пристапи кон линерно покачување на платите на сите вработени во ЈП „Водовод и канализација“.
Како што информираат од претпријатието, ова покачување ќе ги опфати сите 1 278 вработени чии месечни плати заклучно со августовската плата ќе се зголемат линеарно по 2 806 денари. Ова е прво вакво зголемување на платите по нивна 13 годишна стагнација.
Оттаму посочуваат дека ова покачување на платите се прави поради сериозноста на економската состојба, и е дотолку значајно што доаѓа и покрај големите предизвици со кои се соочува јавното претпријатие, наследените финансиски обврски, големите државни должници спрема ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
-Меѓу најголемите должници на претпријатието со неисплатени обврски останува Заеднички Служби во Државниот Клинички Центар во Скопје со долг од 124.316.964 денари, Општина Зелениково 41.320.352 денари итн. ЈП Водовод и канализација
– Скопје, секогаш ќе ги штити интересите на своите вработени, како сега, така и во иднина. И покрај споменатите сериозни предизвици заштитата на стандардот и обезбедувањето на квалитетна вода за пиење останува нашиот приоритет, се наведува во соопштението на претпријатието.