Лишен од слобода возач кој со „Тојота“ удри велосипедист во Скопје

Полициски службеници од СВР Скопје денеска го привеле 51-годишниот Б.Џ. од Скопје. Тој утринава околу 11:40 часот на улицата „Лазар Личеновски“ со возило „Тојота“ со бугарски национални ознаки удрил во модифициран велосипед со три тркала.

Во несреќата повреден е 37-годишниот велосипедист Р.У. од Скопје. Тој  бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Трагедија во Скопје: Возач усмрти 78-годишен велосипедист

МВР соопшти дека Б.Џ. е лишен од слобода, а неговото возило е привремено одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Курир