Мечот помеѓу Хрватска и Јапонија беше навистина тежок и не беше баш фудбалски убав и гледив, меѓутоа беше таков каков што доликува на едно светско првенство а тоа е тешок и борбен.
Јапонците поведоа први во 44тата минута преку голот на Маеда, но Хрватите по полувремето се соземаа од шокот и изедначија преку Перишиќ во 55тата минута.
По продолженијата и пенал рулетот Хрватите покажаа поголема ладнокрвност и искуство и со луцидноста на Ливаковиќ успеаја да издвојат победа и да се пласираат во четврт-финалето каде што ќе го чекаат подобриот од дуелот Бразил – Јужна Кореја кој е на репертоарот од 20:00 по македонско време.